Регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата заврши, а во пресрет на Ф4 турниот кој ќе се одржи во Скопје се сумираат статистиките од изминатата сезона. Во голем дел од овие статистички податоци Вардар е на првото место, а за да ја потврди одличната сезона ќе треба да ја одбрани тутулата во регионаната лига во конкуренција на Целје, Мешков Брест и Загреб.
Интересно е тоа што оваа сезона ниту една екипа немаше 100% учинок на победи и порази, а најблиску до такво нешто беше македонскиот шампион кој постави рекорд од седумнаесет триумфи и едно реми. За прв пат во историјата на СЕХА, бранителот на титуата во ова натпрварување е и акутелен еврпски шампион, а тоа е Вардар. Црвено-црните исто така ќе имаат шанса да го израмнат рекордот на Веспрем кој две последователни години славеше во ова натпреваување. Европскиот шампион исто така е една од трите екипи заедно со Мешков Брест и Загреб кои во сите претходни изданија обезбедуваат место на завршниот турнир, додека вардарци заедно со Татран Прешов и Нексе се единсвените екипи кои се од почетокот на СЕХА лигата, односно од сезоната 2011/12.
За издвојување е тимот на Целје кој годинава е дебитант на завршните турнири од СЕХА. Куриозитет е тоа што на деведесет мечеви сезонава од СЕХА лигата, дванаесет завршиле со нерешен резултат, а на два натпревари беа постигнати над седумдесет погодоци.
Ф4 турнирот ќе се одржи во Скопје од 13-15 април, а во полуфиналето ќе играат Целје против Загреб и во реприза на ланското финале Вардар ќе ги одмери силите со Мешков Брест.


