Македонија за првпат на едно големо натпреварување отпатува со 19 ракометари, а меѓу нив и „куп“ дебитанти. Некои и порано имале настапи за репрезентацијата, но најголемиот дел првпат се на едно големо натпреварување. Меѓу оние што ќе ја бараат шансата за дебитантски настап е и крилото Мартин Поповски од Вардар.
Дојде тивно, без многу помпезност и веднаш влезе во тефтерот на селекторот Лино Червар. Беше на сите собири на репрезентацијата, а се најде и на списокот од 19 ракометари што отпатуваа за Мец. За него, влезот во овој потсен список и не е изненандување.
„После првите неколку собири што беа органиизрани низ Македонија имав некоја надеж дека кога ќе добијам шанса на овој генерален собир, ќе можам да се докажам, и да успеам да се наметнам кај селекторот за да влезам на списокот на селекторот. Надеж секогаш постоеше кај мене, и тој сон ми се оствари”, вели Поповски за клупската интернет страница.
Очекува да добие и шанса дури и на биде на скратениот список од 16 ракометари што ќе игра на некој од натпреварите.
„Сите 19 ракометари што патуваат се квалитетни и можат да ги исполнат задачите на селекторот. Затоа и патуваат. Сега останува во кој момент селекторот која тактика ќе ја применува, веројатно и тој тип на играчи ќе бидат. Но, верувам дека можам да бидам и меѓу тие 16 што ќе играат на некој натпревар на СП во Францијa, вели Поповски.
Списокот од 16 ракометари ќе биде објавен на техничкиот состанок на ден пред почетокот на турнирот. Тогаш сите репрезентации ќе треба да ги објават списоците. Но, во текот на СП секоја репрезентација ќе може да направи три измени по сопствен избор.
На првиот меч на 12 јануари Македонија игра со Тунис. Во група со нас се уште и репрезентациите на Ангола, Шпанија, Словенија и Исланд. Првите четири ќе продолжат во осминафиналето.


