На вчерашниот натпревар против Исланд, ракометната репрезентација на Македонија успеа да освои бод и да се пласира на третото место во групата Б, кое нè носи на дуел со репрезентацијата на Норвешка. Борбата на теренот која ја покажаа македонските ракометари резултираше со повреда на Филип Миркуловски. За среќа, утрово стигнаа информации дека повредата не е сериозна, па искусниот организатор на играта во македонската репрезентација ќе го продолжи својот настап на Мундијалот веќе в сабота. Во пресрет на дуелот од осмина-финалето, Миркуловски истакна дека сè е можно и дека со конторлирани 60 минути можеме да славиме и против Норвешка.
Целосната изјава погледнете ја во видеото подолу.


