За многумина во Скандинавија беше изненадување потписот на левото крило Камила Херем за Вардар. Златната од генерацијата на Норвешка на последното ЕП што заврши неодамна во Шведска, веќе е на мета на некои норвешки клубови, кои отворено најавуваат можност за нејзино враќање.
Херем има договор со Вардар до летото 2018 година, и нејзиното доаѓање во Македонија е најмногу поради сериозниот проект што го има Вардар и амбициите да се освои лигата на шампионите.
Но, директорот на клубот, Џон Харалд Касен во изјава за весникот Афтонбладет вели дека тие ќе се обидат да ја потпишат Камила Херем.
„Се разбира дека ќе бидеме во трка за Камила Херем. Не знам колку е тоа реално, но нема да седиме неактивни. Сола има квалитетни спонзори, и е еден од само четирите клубови во првата лига во женска конкуренција што добија лиценца без било каква забелешка. Годината ја завршивме со позитива од неколку стотина илјади круни. Имаме мал буџет, и ако сакаме да се натпреваруваме за Камила Херем ќе ни треба помош од партнерите. И вистински спонзори што ќе сакаат да влезат и да помогнат во еден таков пакет, изјави Касен за весникот Афтонбладет.
Засега Херем останува во Скопје, и „црвено-црните„ се на добар пат да ги исполнат целите, да стигнат до финалето на лигата на шампионите, па и да ја освојат. Три сезони по ред нашите ракометарки стигнуваат на Ф4 турнирот во Будимпешта, но секогаш играат во малото финале, и го освојуваат бронзениот медал.


