Рускиот репрезентативец, беше еден од најрасположените ракометари на неделниот меч меѓу Вардар и Барселона. Сергеј Горбок постигна пет погодоци во „Јане Сандански“, но тоа беше недоволно за победа против актуелниот европски шампион. По натпреварот, вардаровиот лев бек се заблагодари на сите ракометни навивачи и особено на Комитите за фантастичната атмосфера на вчерашниот дуел. За останатите импресии од дерби мечот на осмото коло можете да погледнете во ексклузивната изјава за 24Ракомет ТВ…


