Дванаесет натпревари и осум екипи ќе се борат за трофејот од Лигата на шампиони кој го брани Вардар. Изминатитот викенд бевме сведоци на два историски резулати за Нант и Скјерн.
Францускиот тим во кој настапува Кире Лазаров за прв пат во својата историја избори пласман помеѓу најдобрите осум по елиминацијата на Мешков Брест со вкупни 60-52. Интересно е да се виде доменот на Нант кои покрај Лазаров имаат и величини како што е легендарниот Доминик Клајн кој по крајот на сезонава најави дека заминува во пензија.
Противник на Французите во четврфиналто ќе им биде Скјерн кои дефинитивно ја направи најголемата сензација со елиминацијата на Веспрем. Данците идентично како и нивните следни опоненти за прв пат се пласираа во четврфиналето од Лигата на шампиони. Скјерн исто така е една од двете екипи заедно со Монпелје кои се најдоа помеѓу најдобрите осум, а играа во групите Ц и Д во која играа екипи кои се од вториот ешалон според квалитетот.
Дуелот помеѓу Нант и Скјерн значи дека еден од овие тимови ќе испише ново поглавје во својата клупска историја.


