Барселона во сабота против Монпеље ќе се обиде да избегне елиминација од осминафиналето во Лигата на шампиони и ќе се обидат да ја продолжат низата од петнаесет последователни години како се дел од најдобрит осум во Европа.
Французите на првиот меч во надмоќно издание славеа со 28-25, разлика која можеше да биде и повисокоа, но искуството на Каталонците дојде до израз и заминаа со пораз од три погодоци кои секако се достижни. Колку е Барселона моќна на домашен терен зборува и фактот дека во сезоната 2013/14 надоместија седум погодоци негатива од првиот меч против Рајн Некар Левен и се пласираа на завршниот турнир во Келн. Монпеље сезонава игра извонредно во сите натпреварувања, а во домашниот шампионат и покрај поразот од Аикс во последното коло се на првата позиција со два поени предност пред ПСЖ.
Сепак, тренерот на Французите Патрис Канаје ја препушта фаворитскта улога на Барселона во пресрет на дуелот во „ Блауграна“.
„Знаеме која е Барселона и какви играчи и историја има. Поради тоа треба да бидеме максимално претпазливи, но не и уплашени од шансата која ни се укажува. Победата во првиот меч е доказ дека имаме квалитет да се надигруваме со било кој противник.“
Капитенот на Каталонците Виктор Томас свесен е дека мора да одиграат на далеку повисоко ниво, доколку сакаат пласман во четврфиналето.
„ Мора да се подобриме како знаеме и умееме. Монпеље е квалитетна екипа, но ние не се наоѓаме прв пат во ваква ситуација и секако можеме да ја пребродиме оваа препрека.“
Подобриот од овој дуел во четвртфиналето ќе се сретне со Фленсбург кој го елиминираше Кристијанштад.


