Сениорската репрезентација на Македонија за неколку дена заминува на СП во Франција, и во Скопје се прави последната глазура на формата. Стручниот штаб реши да имаме само спарингување со репрезентацијата на БиХ. Одигравме еден меч што беше отворен за јавноста, и уште два на кои двата селектори можеа да ги спроведуваат и испробуваат своите тактички замисли.
Македонија победи на сите три натпревари. На оној официјален и отворен за публика, 28-24, а на другите два победивме со 32-30 и 34-31.
Илија Темелковски, помошникот на Лино Червар во интервју за ТВ Нова потврди дека играчите се привикуваат на новиот начин на работа, и дека во Франција ќе видиме еден голем напредок во играта.
„Има работи за кои треба време, и за овие млади играчи да го играат, усовршат и да се прилагодат на новите барања од селекторот и стручниот штаб. Ќе видите дека е голем напредок во однос на игра, од трансформација, неколку вида наодбрани. Ќе има доста промени, во играчки кадар и во тактички елементи, и тоа ќе биде за посовремен тип на игра на оваа репрезентација, изјави Темелковски.
Фокусот на репрезентацијата ќе биде натпреварот со Тунис и со Ангола, каде ќе „бараме“ победи за пласман во осминафиналето. Во напшата група во Мец се уште и репрезентациите на Шпанија, Словенија и Исланд. Првите четири репрезентации од групата ќе продолжат во осминафиналето.
„Сите се фокусирани на она што не очекува на СП. Имаме доста искусни играчи кои играле н авакви натпреварувања и знаат што ги очекува. Атмосферата е добра, но и претпазливи сме. Насочени сме на Тунис. Мислиме дека преку Тунис и Ангола ќе обезбедиме пласман во вторито круг, а за се друго ќе ни се отворат повеќе работи во однос на другите мечеви. Ќе одиме меч по меч, и ќе се обидуваме тој што завршил да го заборавиме и да мислиме на она што следува, изјави Темелковски.
Погледнете го целото интервју на Илија Темелковски за ТВ Нова.


