По отказот на селекторот Жељко Бабиќ во Хрватска е голема потера по изнаоѓање на решение што треба „коцкестите“ да ги предводи на следното ЕП чии домаќини се тие во јануари 2018 година.
Името што најчесто се споменува како најдобро можно решение е Лино Червар, тренерот на Металург и селектор на македонската репрезентација.
Хрватските медиуми тврдат дека токму висината на месечната плата би била најголемиот проблем околу враќањето на Червар. Според Хрватите, Червар годишно има околу 250.000 евра од водењето на Металург и македонската репрезентација. Како селектор на Хрватска би добил најмногу 60.000 евра.
Досега вкупната плата на Бабиќ, Балиќ и Метличиќ била 10.000 евра месечно.
Она што е добро за Хрватите е дека Червар е расположен за враќање дома, и покрај тоа би дошол како „спасител“. Иако има 66 години Червар се уште има енергија за работа. Ги има и олимпиското и светско злато, па ова со водењето на ЕП на Хрватска би можела да му го донесе и толку поскауваниот медал, златото од ЕП.
Хрватите се оптимисти дека Червар може да ги прифати нивните услови и предизвикот да ја води репрезентацијата на ЕП во јануари 2018.
РФМ засега нема став дали навистина Червар има понуда, ниту пак дали има можност селектторот еднострано д аја прекине соработката и да си замине.


