Само неколку часови откако двата клуба се договорија за предвремено ослободување на Филип Талески од Металург и негово заминување за Германија летово, „падна“ нов договор. Македонскиот репрезентативец уште во јануари, веднаш по завршување на СП заминува за Мајнхајм и во пролетниот дел од сезоната ќе го носи жолтиот дрес на Рајн Некар.
Откако германскиот првак доби дозвола една година пред истекот на договорот да го дoбие Талески, за што плати веќе дебело обештетување, достави ново барање до Металург. Сакаше што побрзо да го вклопи Талески во системот на Рајн Некар, па посака да го види нашиот играш неколку месеци порано. Металург се согласи да му дозволи на Талески да замине уште во јануари.
Со заминувањето на Талески клубот од Автокоманда ќе загуби во нападот, бидејќи левиот бек беше од главните играчи на Лино Червар. Талески е втор стрелец на екипата во лигата на шампионите со 41 гол, пет помалку од Немања Обрадовиќ.
Десноракиот бомбардер на Елверум му даде 13 гола сезонава во ЛШ, а со „десетка“ го почести и Татран. На десетте натпревари во ЛШ, само против Монпелје не постигна гол.
Во СЕХА лигата е најдобра стрелец на Металург со 46 гола на 11 натпревари.


