Македонската ракометна репрезентација вчерва во Автокомада во рамките на подготовките за Светското првенство во вториот пријателски натпревар повторно ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина, овојпат со резултат 35-31 (19-17).
Овој дуел беше одигран зад затворени врати, по договорот меѓу двете федерации. Селекторот Червар за овој натпревар ги немаше на располагање младинците Талески, Нелоски и Велковски кои имаа обврски со младинската репрезентација во квалификациите за СП2017 во Алжир.
МАКЕДОНИЈА: Митревски, Колев, Трајковски; Манасков 3, В. Маркоски, Стоилов 6, Aрнаудовски 2, К. Лазаров 7, Митков, Дрогришки 2, Миркуловски 4, Маркоски, Андоновски 1, Георгиевски 1, Ф. Лазаров, Ојлески 2, Поповски 3, Пешевски 2.
БИХ: Б. Буриќ, Сердаревиќ, Ефендиќ; Овчина 3, Нуиќ, Терзиќ 3, Вегар 8, Челица, Лончар, Тарабокија, Марјанац 1, Карачиќ 4, Павлак, Малиновиќ, Вражалиќ, Јарак, Зулфиќ 2, С. Буриќ 4, Врањеш 5.
Македонија утре ќе го одигра и последниот натпревар против истиот противник зад затворени врати во спортската сала во Автокоманда.


