Женската кадетска репрезентација на Црна Гора се пласира во полуфиналето на Светското кадетско првенство за ракометарки до 18 години. Во Охрид избраничките на Маја Савиќ одиграа драматичен натпревар, кој го реши Ѓурѓина Маловиќ со шут од 9 метри буквално во последната секунда од натпреварот. Со голот во последната секунда Маловиќ и донесе победа на својата репрезентација од 24-25 и пласман во полуфиналето, за голема радост на црногорските навивачи.Првото полувреме заврши со резултат 10:11 за репрезентација на Црна Гора. Во второто полувреме црногорките беа во криза цели 15 минути , а Бразил го презеде водството и зголеми на високи 18:14. Со двата голови на Јауковиќ, еден на Маловиќ и Рамушовиќ црногорките го направија драматичен натпреварот до самиот крај. Во последните 30 секунди од натпреварот , Борба Ана Луиз постигна гол за изедначување на резултатот ( 24:24), но храбрата Маловиќ упати бомба од 9 метри, а топката успешно заврши во голот на Бразил.
Најефикасна кај Црна Гора беше Ѓурѓина Јауковиќ со девет постигнати голови, седум додаде Ѓурѓина Маловиќ. Кај Бразил најефикасна ракометарка беше Апруд Ана со осум голови.
Во полуфиналето Црна Гора ќе игра против Романија, додека селекцијата на Германија го чека последниот патник од натпреварот Русија- Данска.


