Женската кадетска репрезентација на Македонија ги заврши настапите на Светското кадетско ракометно првенство до 18 години.
Македонија се израдува на третата победа ( втора по ред во “Президент купот” по вчерашната над Ангола) а нова жртва беше селекцијата на Тунис. Македонските кадетки натпреварот го завршија со резултат 23:16 и го освоија 17 место од вкупно 24 репрезентации.
Во дресот на Македонија, Сара Ристовска беше најефикасна со седум постигнати голови, додека пак пет додаде Сара Митова. Аце Станковски направи замена на голманската позиција, па така меѓу стативите беа Драгана Петковска која имаше три одбрани, а Ивана Наумовска натпреварот го заврши со шест успешни интервенции.


