Јелена Нишавиќ во Раднички Крагуевац

Поранешната српска репрезентативка, Јелена Нишавиќ е најзвучното засилување во Раднички Крагуевац. Учеството  на Раднички од Крагуевац во квалификациите за Лига на шампионите беше причина Нишавиќ да го засили клубот, и да потпише договор на една сезона. Јелена Нишавиќ во Раднички доаѓа од ЖРК Јагодина, клуб кој што беше конкурент за шампионската титула на Раднички во изминатата сезона. Таа ќе се обиде да му помогне на клубот да се претстави во добро светло на квалификацискиот турнир за Лига на шампионите во Крагуевац.

Нишавиќ потекнува од школата на Раднички Белград каде две сезони играше во тој клуб. Четири сезони го носеше дресот на Књаз Милош каде настапуваше во Лига на шампионите, три сезони настапуваше за Кикинда, а најдолго помина во ЖРК Зајечар, цели шест сезони.

На репрезентативен план за селекцијата на Србија има одиграно 168 натпревари, а на СП во 2013 година  каде домаќин беше Србија, го освои сребрениот медал.