Репрезентацијата на Романија е ривал на Македонија на патот кон Мундијалот во Германија и во Данска, а првиот меч се игра в недела од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“. И во двете селекции владее оптимизам, па тоа го потврдуваат и во изјавите.
Овој оптимизам го пренесува и десниот бек на Трембле од Франција, Мариус Садовеак кој вели дека Романија е многу фокусирана пред тешкиот натпревар во Скопје за пласман на СП.
„Немаме учество на Мундијалите од 2011 година и нашата желба е да се вратиме на големите натпреварувања. Македонија има многу поголемо искуство на интернационално ниво. Ракометарите играат во добри европски клубови, но затоа спортот е интересен. Во него секогаш постојат изненадувања“, се зборовите на Садовеак.
Селекцијата која што в недела ќе победи нема да биде со сигурност пласирана на Мундијалот бидејќи има и реванш кој се игра в среда во Клуж.


