Велко Марковски, дефанзивецот во редовите на македонската ракометна репрезентација на вечерашниот натпревар против Ангола ќе биде на поштеда во второто коло од групата на СП. Тој има повреда на грбот што ја „влече“ подолго време а ја обнови на дуелот со Тунис.
Поради тоа и не тренираше со целосен интензитет овие два дена, туку сите повеќе се фокусирани на одмор и рехабилитација. Неговото принудно отстсутво можеби малку ќе ја смени стратегијата во одбрана, но против Ангола не очекуваме да имаме сериозни проблеми.
Лекарскиот тим во нашиот табор прави напори тој да биде целосно оспособен за следните напори. Ќе биде на клупата на мечот со Ангола, но селекторот Лино Червар нема да ризикува со него, и ќе добие поштеда. Единствено ако мора, и биде неопходна неговата помош, можеби ќе добие одредена улога и минутажа. Но, планот на стручниот штаб е Марковски да добие повеќе време за опоравување за да биде подготвен за следните дуели, против репрезентациите од Европа, и тоа Шпанија, Словенија и Исланд.
Вечерва од 20,45 нашите момци го играат вториот натпревар од групата на СП, и тоа против Ангола. Со триумф нашите ракометари ќе ја отворат вратата од осминафиналето, па ќе може да размислуваат и за повеќе од четвртото место во групата. Така ќе го избегнеме најдобриот од А групата, односно нема да играме


