Лоши вести доаѓаат од белорускиот ракометен шампион Мешков Брест кој изминатиот викенд останаа без еден од своите најдобри ракометари Петар Ѓорѓиќ.
Српскиот репрезентативец се здоби со скршеница на дланката на мечот против Нант кој белорусите го загубија со 24-32 во рамки на осминафиналето од шампионската лига. Оваа повреда се очекува Србинот да го одалечи од терените наредните три до четири седмици. По овој пораз во осминафиналето од елитното натпреварување, амбициозниот Мешков Брест речиси ги загуби сите шанси за прогрес понатаму, но повредата на Ѓорѓиќ доаѓа во крајно незгоден момент, откако белорусите ги очекува меч со Вардар на Ф4 во Скопје кој ќе се одржи од 13-15 април.
28-годишниот Ѓорѓиќ за српскиот национален тим дебитираше на изминатото европско првенство во Хрватска на кое беше еден од подобрите ракометари на нашиот северен сосед.


