Мешков Брест и Нант утре во Белорусија ќе го одиграат првиот меч во рамки на осминафилето во Лигата на Шампиони. Гостувањето на французите предизвикува голема еуфорија во Брест кои ќе се обидат да го изненадат Нант кој е предводен од македонскиот репрезентативец Кире Лазаров.
Голманот на Брест, Иван Пешиќ во пресрет на саботниот дуел е полн со самодоверба дека можат да го елиминираат францускиот гигант.
„ Мислам дека шансите се педесет-педесет. Тие се квалитетна екипа, а тоа може да се виде по првата фаза каде осовија 20 бода, додека ние на нашето конто имавме само 10. Можеби во Нант сме аутсајдери, но на домашен терен убеден сум дека можеме да ги совладаме, а ако се случи тоа можеме да очекуваме пласман помеѓу најдобрите 8.“
Нант заврши на третото место во групата А, зад Вардар и Барселона. Пешиќ изјави дека е среќен што успеале да ја избегнат Барселона.
„ Мислам дека е добро што ја избегнавме Барселона, но и Нант има квалитетни играчи. Имаат две големи ѕвезди во имињата на Кире Лазаров и Гурбиндо.“
Хрватскиот интернационалец во Мешков Брест дојде во 2013 година, а претходно ги носеше дресовите на Замет, Веспрем, Загреб и Марибор.


