Во Вардар во моментов игра Вуко Борозан, најголемиот ракометен бисер на Црна Гора кому му предвидуваат голема кариера. Има 22 години, и важи за еден од главните играчи на Црна Гора на „Кроација Куп“.
Десноракиот бомбардер на Вардар има силен шут што тешко се брани, и полека го завзема своето место во тимот на „црвено-црните“.
Директорот на репрезентацијата на Црна Гора, поранешниот репрезентативец Блажо Лисичиќ смета дека многу брзо Вуко ќе направи трансфер, и тоа во некоја од екипите на ПСЖ, Барселона, Кил или Флензбург.
„Екипи во иднината за Вуко се ПСЖ, Кил, Барселона или евентуално Флензбург. Не го гледам на друго место. Има потенцијал да биде меѓу најдобрите играчи во светот, но сурово е да му се стави таа етикета на грб и да ја има обврската да биде најдобар. Тој мора да го сфати тоа сам, да разбере дека има потенцијал, како што веројатно и покажува во клупските и репрезентативните мечеви. Но, мора да се докажува се повеќе од ден во ден, како во клубот, така и во репрезентацијата. И тоа не важи само за него, туку и за сите останати“, изјави Лисичиќ.
Вуко Бозоран летово дојде во Вардар, откако претходно настапуваше во Германија. Со вардарци има договор на 1+1 година. Според најавите тој и в година ќе биде дел од екипата на Вардар.


