Вардар ослабен на Супер Глоуб – нема да играат Стоилов, Калараш и Толедо!

Ракометарите на Вардар утре патуваат за Саудиска Арабија, каде во градот Дамам ќе настапат на неофицијалното светско клупско првенство Супер Глоуб. Стратегот Давид Писонеро нема да може да смета на тројца ракометари – капитенот Стојанче Стоилов, Глеб Калараш и Жозе Толедо.

Стоилов се уште е во аут по операцијата на коленото, Толедо само што ја започна рехабилитацијата, додека Калараш нема да патува поради административни причини. Писонеро ќе го има на располагање Павел Атман, но колку време ќе мине на теренот останува да видиме.

Вардар ќе игра директно во четвртфиналето и таму за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Ал Мудхар и Њујорк. „Црвено-црните” се фаворити се очекува да се пласираат во полуфиналето, а таму веројатно ривал ќе им биде Кил од Германија.