Светската ракометна федерација ги објави и последните два учесници на женскиот Супер Глоуб кој ќе се оджри во Кина. Неофицијалното клупско Светско првенство ќе си игра од 1 до 4 август.
Покрај откажувањата на најдобрите европски екипи, сепак ИХФ не се откажа од организација на турнирот. Преостанатите две празни места ќе бидат пополнети од јапонскиот клуб Јамага и екипата од САД, Њујорк.
Претходно своето учество го потврдија, реперезентацијата на Кина, Жиангсу (Кина), Примера де Агосто (Ангола), Каисар (Казахстан), Квинсленд (Австралија) и Конкордија (Бразил).
На првиот ден ќе се одиграат слединиве натпревари:
Јамага – Њујорк
Каисар – Кина
Примера де Агосто – Жиангсу
Конкордија – Квинсленд
Претходно учеството го откажаа Ростов, Ѓер и Кристиансанд.


