Селекцијата на Унгарија одигра феноменална партија против силната Норвешка. На овој меч Норвешка влезе опуштено бидејќи имаше обезбедено место во полуфиналето како првопласирана во група 1.
Група 1 (Унгарија, Дебрецен)
Унгарија – Норвешка 29:25 (15:11)
Норвешка со погодоците на Морк, Вибе и двата на Локе во текот на 3-та минута веќе имаше позитива од 1-4. По кризната игра репрезентативките на Унгарија со серија од 3-0 го изедначија резултатот. Младата Габриела Тот ја враќаше својата селекција во игра и со своите голови не дозволуваше Норвешка да има поголема позитива. Вистинска ерупција настана кога Унгарија водена од фантастичната Киш Ева ја преполови разликата на Норвежанките, а потоа успеа да создаде и своја предност. Мајер Сабина израмни на 11-11 во текот на 24та минута, а една минута подоцна Анико Ковачиќ и го донесе посакуваното водство на унгарската селекција. Со двата голови на Мајер и Булат селекцијата на Унгарија на полувреме имаше предност од 15-11.
Во вториот дел Офтедал намали за 15-12, но повторно Мајер преку пикерската позиција успеа да го врати водството од првиот дел. Во 35та минута Унгарија ги имаше највисоките шест разлика (19-13). Унгарските репрезентативки ја чуваа предноста до самиот крај и не дозволија конечниот исход да биде доведен во прашање. На крај заслужена победа на унгарската селекција која не е доволна за пласман во полуфиналето.
Најефикасна ракометарка во селекцијата на Унгарија беше Анита Булат со шест погодоци, во селекцијата на Норвешка Хајди Локе беше единствена светла точка со шест погодоци.


