Норвежанките уште еднаш ја потврдија својата доминација во женскиот ракомет. Вчерашниот триумф го донесе шестото злато на Норвешката репрезентација со што тие го обезбедија местото на две големи натпреварувања – Светското првенство во Данска во следната година како и Олимписките Игри во Рио 2016. Запрашана за тајната на норвешкиот успех, Стине Офтедал Бредал изјави:
“Не можам да ти ја кажам тајната бидејќи сите ќе почнат да ја користат. Мислам дека имаме нависина добар тим и многу сме фокусирани на деталите и исто така имаме голема диверзификација во тимот за да можеме да се снајдеме во секоја ситуација.
Физички бевме многу поподготвени на овој натпревар а малите измени кои ги направиме во одбраната допринесоа да играме подобро. Имаве пет погодоци негатива, но тоа не е ништо за ракомет така да не беше тешко да се вратиме во натпреварот и да го завршиме на првото место.”


