Пред одлучувачкиот натпревар за влез во полуфиналето од Европското ракометно првенство, Ларке Молер ќе пристигне во Дебрецен да и помогне на својата репрезентација да избори пласман во полуфиналето. Искусната ракометарка ќе биде замена за повредената Лоте Григел.
Ларке Молер која ги брани боите на Твис Холстебро, ќе биде во составот на Данска за натпреварот против Шпанија, а се очекува данскиот селектор да и даде поголема минутажа против “црвената фурија”.
Ларке Молер која ги брани боите на Твис Холстебро, ќе биде во составот на Данска за натпреварот против Шпанија, а се очекува данскиот селектор да и даде поголема минутажа против “црвената фурија”.
Фото: www.bt.dk


