И понатаму трае еуфоријата во Сегедин по повод првата титула шампион на Унгарија после 11 години.
Едни од најзаслужните и клучните со својот учинок за големиот успех во составот на Хуан Карлос Пастор беа тројцата словенечки ракометари.
Станува збор за Марио Шоштариќ, Матеј Габер и Сташ Скубе кои благодарение на нивните добри игри беа наградени со продолжување на своите професионални договори.
Десното крило Шоштариќ ќе остане во клубот до 2021. година, потоа одбранбениот „џин“, пивотот Габер има уште три години договор плус можност за продолжување на соработката на уште една година, додека пак средниот бек Скубе има нов две-годишен договор со опција да се продолжи истиот.
Да додадеме уште дека своите договори со Пик Сегед ги продолжија уште двајцата домашни играчи Жолт Балог и Бенсе Банхиди.


