Битолското ракометно дерби од плеј-оф фазата на кое Е. Работник го совлада Пелистер сè уште е во центарот на внимането. Во неефиксен натпревар Е. Работник славеше над со 22:15. Тоа беше дуел од 1. коло во Супер машката лига, а со него се виде дека ова ќе биде интересна сезона во која ќе има многу дерби дуели.
За 24Ракомет пивотот на „зелено-белите“ Васко Димитровски вели дека и покрај поразот сè уште не се загубени шансите за излез во Европа, а тоа е една од главните цели поставени пред ракометарите на тимот од Битола.
„Вистина е дека тешко ни падна овој пораз, пред сè поради лошата игра во напад, а долго време се подготвувавме за овој натпревар. Сепак, ова е само прво коло и шансите за излез во Европа за следната сезона сè уште не се завршени. Мораме брзо да се консолидираме и да ја продолжиме борбата за што подобар пласман на табелата“, вели Димитровски.
По саботниот пораз Пелистер остана и без тренерот Борче Марковски кој си поднесе оставка. За пелистерци ова беше втор пораз од градскот ривал за само седум дена, откако загубија и во последното коло од регуларниот дел на сезоната.


