Македонската женска ракометна репрезентација вечерва на гоствањето против Фарски Острови има шанса да ја забележи првата победа во рамки на кваликациите за Европското пренство кое ќе се одржи во Франција.
Македоснките репрезентативки по првите две кола имаат два порази во дуелите со Србија и Шведска кои имаат максимален учинок во нашата група. Од нашиот табор предупредуваат дека мора без потценување да влезат во дуелот против Фарски Острови кои идентично како и ние имаат два порази по првите две кола. Женската ракометна репрезентација на Македонија пласман на едно европско првенство нема обезбедено цели шест години по континенталниот собир во Србија 2012 година.
Во вториот меч од оваа група Шведска и Србија во директен дуел ќе се обидат да го задржат 100% учинок и да освојат нови два бода со кои речиси би обезбедиле пласман на континеталниот собир во Франција.
Нашите репрезентативки по вечерашниот меч со Фарски Острови ги очекува веќе во недела натпревар против истиот опонент во СПЦ „Кале“ со почеток од 20 часот.


