Еден од најискусните ракометари во составот на актуелниот европски вицепрвак, Раул Ентрериос ги пропушти последните две кола од подготвителниот турнир во Ирун. Шпанскиот репрезентативец паузираше поради повреда на бутниот мускул, која ја заработи на првиот ден од интернационалниот турнир.
Одличниот централен бек и капитен на Шпанија се повредил на дуелот против Полска каде одигра само неколку минути. Затоа селекторот Жорди Рибера се одлучи да го започне првенството во Франција, без Ентрериос, за да му овозможи доволно време за рекуперација. Шпанија го започнува мундијалот на 12ти против Исланд, а веројатно е дека ракометарот ќе биде подготвен за натпреварот против Македонија во рамките на четвртото коло од групата Б во Мец.


