Група 1 (Унгарија, Дебрецен)
ПОЛСКА 19-24 РОМАНИЈА (9-11)
Во натпревар во кој доминираа голманите на двете репрезентации, со рутинирана игра и концентрирана одбрана, ракометарките на Романија предводени од одличната Неагу ја совладаа репрезентацијата на Полска за да се вмешаат во трката за петтата позиција на првенството.
Неагу и Брадеану го најавија конечниот исход на натпреварот и по 5 минути игра водството на Романија изнесуваше 0-5. Полските ракометарки до 12-та минута го намалија резултатот на 3-5, но тоа беше се што можеа да направат. Расположената ракометарка на црногоскиот шампион Будуќност, Неагу постигна седум голови за 30 минути и постојано ја одржуваше предноста на 3-4 голови. Од 25-та минута, Кудлач со два погодока во низа ја доближи Полска на само еден гол заостаток 9-10, но Романија го постигна последниот гол по истекот на 30-те минути, преку Неагу која беше прецизна од линијата за 7-метри за конечни 9-11.
Вториот дел, на изненадување на романските навивачи, Полјачките го отворија со серија од 3-0 за превземање на водството 12-11 во 34-та минута. Но одговорот стигна бргу, романските ракометарки возвратија со своја 3-0 серија за враќање на водството од полувремето, 12-14. Разликата полските репрезентативки ја одржуваа до 45-та минута, кога Чипер, Неагу и Елисеј го вратија највисокото водство на натпреварот за Романија, 15-20. Полските ракометарки се обидуваа да се вратат во натпреварот, но успешните интервенции на Високинска и успешните реализации на Кинга Биздра не беа доволни за посериозно да го загрозат водството на Романките. Во последните три минути романските ракометарки имаа пет голови предност, 18-23, која ја задржаа до крај на натпреварот за конечни 19-24.
Најпрецизна на натпреварот беше Неагу со 9 постигнати погодоци (4 од пенал), а Унгуреану имаше 18 интервенции и блескаше на голот на Романија.Во редовите на Полска, Високинска имаше 14 успешни интервенции, а пет ракометарки постигнаа по 3 погодоци.
Најкорисен играч на натпреварот:
ПОЛСКА:Анна Високинска
РОМАНИЈА: Паула Унгуреану


