Селекцијата на Шведска ја продолжи победничката серија и стигна до лесен триумф против Словачка во вечерашниот меч во Загреб. Значајната победа ги стави швеѓанките со одлична позиција и тие широко чекорат кон обезбедување пласман во полуфиналето.
Група 2 ( Загреб)
Шведска – Словачка 31:22 ( 17:11)
Ракометарките на Шведска одлично го почнаа натпреварот, а неискусната репрезентација на Словачка немаше сили да и се спротистави на посилната Шведска. Главен организатор во нападот на швеѓанките беше искусната Изабел Гулден која во првиот дел создаваше големи проблеми на репрезентативките од Словачка. Со погодоците на Јохансон, Торстенсон и двата на Гулден, Шведска успеа да создаде предност од 4-2, а во наредните минути истата драстично ја зголемуваше. Санд Луис со својот прв гол на натпреварот ги постави највисоките 8-4. Бековската линија на Словачка целосно беше спорена и простор имаше само за крилните позиции. Трехубова со своите погодоци ја намалуваше предноста на швеѓанките но тоа не беше доволно бидејќи предноста на Шведска и понатаму растеше. Полувремето заврши со убедлива предност за селекцијата на Шведска со 17-11.
Вториот дел започна со погодоци и на двете страни. Шведска делуваше моќно преку Гулден и Оден и токму овие две ракометарки беа најзаслужни за високата победа против Словачка. Јакобсен во текот на 35тата минута го врати водството од осум позитива за својата селекција ( 21-13). Во преостанатиот дел од натпреварот подолгата ротација на шведската репрезентација даде резултат. Натпреварот заврши со убедлива победа на Шведска со резултат 31:22 .
Најефикасна во селекцијата на Шведска беше Изабел Гулден со осум погодоци. Во селекцијата на Словачка најефикасна беше Жаркова Симона со седум погодоци.


