Пред клучниот натпревар на репрезентацијата на Русија за билет во втората фаза против репрезентацијата на Шпанија, легендарниот селектор на “Зборнаја”, Евгениј Трефилов со свое видување за натпреварот.
“Русија има многу млади и неискусни ракометарки за да играат вакви големи натпреварувања. Во селекцијата на Шпанија има неколку искусни ракометарки, со многу години поминати во репрезентацијата, токму од таа причина на овој натпревар ќе има неизвесна борба до самиот крај.”


