Финскиот шампион бронзен на меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“

Во вториот натпревар на финалниот ден во Битола, финскиот шампион Кокс ја освои бронзата на меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“ откако беше поуспешен од францускиот претставник Шарбур со 28-25.

Гостите од Финска го контролираа резултатот и играта уште од самиот почеток не дозволија францускиот второлигаш да добие мотив и шанса за изненадување. На полувреме двете екипи заминаа со минимална предност за Кокс од 13-11, но на почетокот на вториот дел финскиот претставник во Лигата на шампионите создаде капитална предност која во одреден период од полувремето се движеше околу двоцифрената граница, но никогаш не ја надмина.

Се што им преостана на гостите од Франција беше да се обидат да го намалат водството на противникот, во што делумно успеаа па се изборија и за четири голови негатива. Тоа беше најблиската разлика меѓу двете екипи  по почетокот на вториот дел, се до самиот финиш кога Шарбур ги постави конечните 28-25 и прогласи победа за финскиот состав. Кокс се радуваше на втора победа на турнирот во Битола, по онаа над Бутел Скопје на отворањето на дуелот, овојпат за третото место на меморијалниот турнир во Битола.

Најпрецизен во составот на Кокс беше Таминен со 9 голови, додека Ронберг го следеше со 4. Кај Шербур Кардинал и Контепрат постигнаа по 4 голови.

Во првиот дуел од денешната програма, Пелистер го освои петтото место.