Данска: Титулата се решава во последното коло! Киф Колдинг Копенхаген или Скјерн?

На коло до крајот во  данската ракометна лига екипите на Киф Колдинг Копенхаген и Скјерн се во мртва трка за шампионскиот пехар. Во последното 26-то одиграно  коло Киф Колдинг Копенхаген  забележа убедлива победа против Силкеборг со 32-22, додека Скјерн го совлада Архус со 31-27 по што Колдинг е и натаму лидер со 42 бодови, а Скјерн го следи во чекор со 42. Последното коло ќе биде да се биде или не за двете екипи кои влегуваат со желба да ја освојат шампионската титула.

По успешната серија која ја имаше Колдинг во Велукс лигата на шампиони и домашната лига каде забележа 6 победи во низа,следеше двомечот против нашиот Металург кој за данците беше кобен и доста влијаеше во натамошниот нивен настап и во домашната лига. Токму по поразот во Скопје следуваше нов пораз на гостински терен против Алборг, за Металург по втор пат да им го земе скалпот на нивен терен и да ги елиминира од лигата на шампиони. Сеуште во шок, Киф Колдинг загуби и на наредното гостување во данската лига овојпат против Сондерјуске со што ја доведе титулата во прашање и му дозволи на Скјерн да го следи во чекор. По елиминацијата во лигата на шампионите Киф Колдинг Копенхаген во последното коло токму во дуел со актуелниот шампион Алборг ќе се обиде да ја освои титулата во данската лига.

И екипата на Скјерн нема да се предаде до самиот крај кога веќе и се овозможи таква шанса. Тие својот последен натпревар оваа сезона го играат против екипата на Холстебро во која одат на победа, а паралелно ќе чекаат пораз на директниот конкурент Киф Колдинг Копенхаген во дуелот со Алборг.