Во натпревар од седмото коло од Лигата на шампионите, Вардар ја пречека екипата на Целје Пововарна Лашко. Во воведното коло од Лигата на Шампионите, Вардар ја обезбеди првата овосезонска победа токму во Целје против словенечкиот шампион.
Вардар започна фуриозно, по првата минута имаше водство од 2-0, но Целјаните успеаа да се вратат во игра и по првите 10 минути да го превземат водството,6-7 со голот на најдобриот поединец на натпреварот Зарабец.Вардар им дозволи на словенците да го одржуваат водството до 12-та минута кога Дибиров,Брумен и Тоскиќ го одведоа македонскиот тим на два голови предност 10-8. Ракометарите на Целје на двапати го израмнија резултатот, последен пат во 23 минута, но до крајот на првиот дел Вардар повторно ја врати предноста од два погодока, 19-17.
На првиот гол во второто полувреме се чекаше две минути,кога Карачиќ ги одведе “црвено-црните” на три голови предност 20-17.Гостите неколкупати се заканија намалувајќи на само еден гол негатива, последен пат во 49-та минута Слишковиќ погоди за 27-26.Вардарци возвратија со серија 6-1 за 32-26 и мирни последни осум минути во кои на “црвено-црниот” гол застана Ангелов како замена на Арпад Штербик кој имаше солидни 11 интервенции. До крај на натпреварот Целје преку Слишковиќ намали на три голови предност 34-31, а во последните секунди Јане Блаж ги постави конечните 34-32.
Најпрецизен во составот на Вардар беше Дибиров со 7 погодоци, додека Карачиќ беше прецизен 6 пати. Во екипата на Целје Зарабец беше инспираторот на играта со 7 постигнати голови сите во првото полувреме, а Слишковиќ постигна два повеќе.
Во следното коло Вардар им гостува на Чековски Медведи во Русија.