Неочекуваното збогување на репрезентацијата на Хрватска од турнирот му зададе дополнителни главоболки на организаторот на Европското Првенство. Втората т.н. главна фаза од натпреварувањето ќе се одржи во Арената Загреб без домаќините, а тоа секако драстично ќе ја намали посетеноста на оваа ЕП.
Затоа ЕХФ се одлучи билетите да не ги наплаќа, односно дневните карти за трите дена од главната фаза, може бесплатно да се подигнат на сите официјални продажни места на ЕП.
Билети може да се подигнат и на забавата која по повод почетокот на втората фаза ќе ја приреди домаќинот на плоштадот Бан Јелачиќ во центарот на Загреб, а ќе се одржи утре на 13.12.2014 со почеток во 16 часот. Покрај музичката програма, автентичната храна и вареното вино, на плоштадот се очекува да присуствуваат ракометарите од најдобрата машка селекција на Хрватска.