Eвропскиот првак има голем мотив: Германците ќе добијат висока премија за одбрана на титулата

Противникот на Македонија во 3. коло на ЕП, Германија има одличен мотив уште еднаш да стигне до титулата бидејќи победа на овој шампионат ќе значи и убава сума за ракометарите на крајот од јануари.

Од Ракометната Федерација на Германија на ракометарите им се ветени 250.000 евра коишто ќе треба да ги поделат ако успеат на овој шампионат уште еднаш да дојдат до златото односно да ја одбранат титулата освоена пред две години во Полска.

„Го зголемивме наградниот фонд на барање на ракометарите и тоа со право. Очекуваме добра игра на ова ЕП и веруваме во нив“, вели потпретседателот на Ракометната федерација на Германија, Боб Ханинг.

За 2. место наградата е 200.000 евра, додека бронзениот медал ќе им донесе сума од 150.000 евра.

Македонија и Германија својот меч го играат в среда од 18:15 часот.