Оваа победа за Франција значеше дека втора година по ред ракометарки на Вардар се закитуваат со трофеј на големо натпреварување.
Лани истото се случи со Камила Херем која со Норвешка победи на Европското првенство, кога ја совладаа Холандија со 30:29. Сега истото им успеа и на Лејно и Лакрабер, а доколку се има предвид дека и Сираба Дембеле и Алисон Пино го имаат носено дресот на Вардар успехот е поголем.
Сепак, останува да се потенцира и тоа дека Амандин Лејно и Александра Лакрабер имаа многу важен удел во победата. Лејно спаси неколку топки во клучните моменти, додека Лакрабер беше таа која го постигна голот за победа од 23:21 со што им ги уништи и најмалите шанси на Норвежанките за позитивен резултат и за втора титула за Франција на Светските првенства.
Со ова Вардар стана еден од ретките клубови кој две години по ред има свои шампионки со различни репрезентации. Секако успех кој зборува многу и за работата во екипата.
]]>Таа во финалето против Франција постигна седум гола и само го потврди освојувањето на наградата за прв стрелец на Мундијалот, а таа беше и дел од ол-стар тимот како најдобар десен бек.
Сепак, не успеа да дојде до златото, па се задоволи со сребрениот медал.
ТОП 10
66 – Нора Морк (Норвешка)
58 – Лоис Абинг (Холандија)
47 – Ивета Лузумова (Чешка)
46 – Изабеле Гулден (Шведска)
44 – Каролина Кудлач Глок (Полска)
44 – Стине Бредал Офтедал (Норвешка)
43 – Сабине Фиоре (Парагвај)
43 – Ана Грос (Словенија)
43 – Маркета Јерабкова (Чешка)
42 – Јованка Радичевиќ (Црна Гора)
42 – Катарина Булатовиќ (Црна Гора)
42 – Кристина Неагу (Романија)
]]>Лејно беше една од најдобрите на теренот и секако клучната ракометарка во победата над Норвешка бидејќи во моментите кога се кршеше резултатот таа одбрани неколку тешки топки.
Што кажа во својата изјава можете да слушнете и да погледнете во видеото подолу.
]]>Како се радуваа Французинките можете да погледнете во видеото подолу, а дефинитивно ова е голем успех за нив бидејќи успеаја да покажат со една одлична генерација дека знаат како да ја победат и Норвешка која делуваше неприкосновено во елиминациите.
Од почетокот на средбата се виде дека на овој меч нема да биде така лесно да се дојде до победа. И Франција и Норвешка беа концентрирани во нападот и се обидуваа да дојдат до предност.
Првиот удар го зададоа актуелните шампионки откако поведоа со 4:2. Нивното водство најави дека тие ја имаат играта за победа во финалето, но ова беше само отворање на средбата.
Оливие Крумбхолц успеа да ја најде одбраната која ги збуни ракометарките од Норвешка и тие многу тешко успеваа да се снајдат во нападот. Тоа отвораше простор за игра на триколорките, па тоа значеше и можност за контрола на резултатот.
Франција успеа со нешто подобра игра, но и со одлично расположената Лејно да го зачува водството и на одмор да замине со водство од минимални 11:10.
Почетокот на вториот дел донесе интересна игра, а Франција поведе со 14:11. Се чинеше дека ја има играта за победа на овој меч, но тогаш Норвежанките го засилија темото и почнаа да играат далеку подобро. Лесно наоѓаа простор за голови, а нивните замки во одбраната беше тешко да се надминат, па тоа ја врати неизвесноста.
Возбудувањата траеја до самата завршница. Во последните десет минути се влезе со нерешен резултат, па следуваше големо тактичко надмудрување во последните десетина минути од дуелот.
Во 53. минута на семафорот стоеше резултат 19:20. Се чинеше дека тука завршува битката за Франција. Меѓутоа тогаш почна пресвртот. Крумбхолц ја врати Лејно на голот, а таа спаси одлично во две ситуации при што овозможи Французинките да направат серија од 3:0 и да поведат со 22:20.
При овој резултат Франција имаше напад за победа. Со погодок ќе завршеше целата неизвесност и Французинките ќе можеа да почнат да слават.
Она што не успеа во тој напад кога се прекомбинираа успеа во следниот кога при 22:21, Лакрабер стрелаше прецизно за победа од 23:21, за симнување на Норвешка од тронот и за голема титула за Франција.
]]>После средбата за 24 Ракомет ТВ коментираше една од најдобрите ракометарки во светот, Изабел Гулден која вели дека работите биле рано решени иако во вториот дел одиграле многу подобар меч.
„Премногу пропуштивме во првото полувреме. Попуштивме и Холандија не казни и направи голема разлика. Иако ги стигнавме во вториот дел, сепак, беше премногу доцна и не успеавме да се радуваме на крајот“, рече Гулден за 24 Ракомет ТВ.
]]>Немаше да биде незаслужено и доколку Нора Морк добиеше награда за најдобра ракометарка со оглед на играта која што ја прикажа за време на целиот шампионат, но таа ќе се задоволи со место во најдобриот тим и со наградата за најдобар стрелец.
Пред мечот од финалето Морк има 59 гола, па дури после мечот против Франција ќе биде познато на која бројка ќе заврши.
ОЛ-СТАР ТИМ
ГОЛМАН: Катрин Лунде (Норвешка)
ЛЕВО КРИЛО: Сираба Дембеле (Франција)
ЛЕВ БЕК: Лоис Абинг (Холандија)
СРЕДЕН БЕК: Грејс Зади (Франција)
ДЕСЕН БЕК: Нора Морк (Норвешка)
ДЕСНО КРИЛО: Натали Хегман (Шведска)
ПИКЕР: Ивет Брох (Холандија)
МВП: Стине Офтедал (Норвешка)
]]>Од она што може да се забележи и од фотографиите на трибините има само дваесетина фанови на триколорките. Сите други навивачи се во боите на Норвешка, па сосема извесно е дека актуелните светски шампионки ќе имаат можност да играат како на домашен терен на овој дуел.



„Тоа беа најтешките моменти за мене. Не можев да помогнам и можев само да ги бодрам од трибините. Се обидував да викам колку што можам повеќе и на тој начин да го потрошам вишокот на енергија. Драго ми е што моите колешки се снајдоа добро на теренот и успеавме да дојдеме до победата“, изјави Брох за 24Ракомет ТВ.
]]>Она што е интересно и за Македонија е дека во финалето ќе има две ракометарки на Вардар. Амандин Лејно и Александра Лакрабер ќе се обидат да ја запрат Норвешка која игра во неверојатна форма во втората недела од Мундијалот. Франција е противник на актуелните шампионки, а тоа ќе биде одличен дуел на кој ќе решаваат нијанси за победата.
Норвешка ја брани титулата освоена пред две години, но за да успее во намерата ќе мора да одработи далеку подобро од досега. Ќе треба да се биде барем на ниво повисоко од претходните дуели, а Норвежанките веќе докажаа дека знаат како да го направат тоа.
Што се однесува до Франција и оваа селекција има свои адути, па сигурно ќе има што да се види на теренот во мечот кој почнува од 17:30 часот.

Со овој дуел ќе биде спуштена завесата, но претходно во битката за бронзата Шведска и Холандија од 14:30 часот ќе се обидат да ја добијат утешната награда. Според она што го прикажаа на целиот турнир Швеѓанките би требало да бидат поблизу до медалот, но тоа не мора да значи ништо бидејќи ќе мора да се даде потврда за квалитетот и на теренот.
ДВОЈКИ ЗА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН НА СП
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО
ШВЕДСКА – ХОЛАНДИЈА 14:30ч
ФИНАЛЕ
НОРВЕШКА – ФРАНЦИЈА 17:30ч
]]>