Херој на денешниот прв ден на фајнл-фор турнирот во Келн е секако Мирко Алиловиќ кој со фантастични 14 одбрани ја направи разликата на теренот и беше најзаслужен за пласманот на Веспрем во финалето. Мирко пред овој натпревар веруваше дека одбраната на неговиот тим ќе биде поуспешна од германската машина и воопшто не погреши. Погледнете што за 24 ракомет изјави херојот на Веспрем веднаш по пласманот во финалето.


