Кликовац и Радичевиќ беа поуспешни од Алтхаус во клучниот натпревар за двете репрезентации. Германија повеќе не може да се надева на полуфинале, но ќе се бори за што подобар пласман на Европското Првенство.
ГРУПА 2 (Хрватска,Загреб)
ГЕРМАНИЈА 20-27 ЦРНА ГОРА (10-12)
Црна Гора мораше да победи на овој натпревар за да ги задржи шансите за висок пласман, само првите две места од оваа група водат до полуфиналето, а актуелните европски прваци заостануваат зад водечките. Германија настапи без најдобрата поединка Сузан Милер која се врати во репрезентацијата на натпреварот против Хрватска, но не успеа да го издржи темпото на турнирот и е заменета со Смитс во пресрет на главната фаза.
Иако Германките го постигнаа првиот гол на овој натпревар, Булатовиќ и Кнежевиќ им обезбедија предност на Црногорките од 1-3 по пет минути игра. Миневскаја за момент ја спречи серијата на европските шампиони, но Радичевиќ и Петровиќ го обезбедија највисокото водство на Црногорките од 2-5, по 10 минути игра. Германките заиграа подобро во последните 15 минути, најпрво возвратија со серија 3-0 за првото израмнување на натпреварот 8-8 со голот на Алтхаус во 20-та минута, а потоа имаа неколку шанси да го превземат водството, но Рајчиќ ја замени Бајракаровиќ на голот и со одбранетиот пенал и три напади во низа им овозможи на своите ракометарки да го вратат највисокото водство од 8-11 во 26-та минута.
До крај на првиот дел Заф успеа да намали еден гол од предноста на Црна Гора за конечни 10-12.
Вториот дел започна идентично како и првиот, Лоепер беше прецизна за 11-12, но Кнежевиќ и Булатовиќ повторно го вратија највисокото водство на натпреварот 11-14. Германките се вратија во натпреварот и во неколку наврати намалија на само еден гол разлика. Неизвесноста траеше до 40-та минута кога Анѓела Булатовиќ ја започна низата од 4 погодоци на Црногорките, во 43-та минута Петровиќ ги постави првите пет голови предност за Црна Гора 15-20. Во последните пет минути, кога веќе беше познат победникот, Црна Гора само ја зголеми предноста на 7 погодоци, за конечни 20-27.

Најпрецизна на натпреварот беше Кнежевиќ со 8 постигнати погодоци, а Заф 6 пати ја погоди противничката мрежа за Германија. Од ракометарките на Бардар Алтхаус постигна 2 погодока од 2 обида, а Радичевиќ 1 погодок од 5 обида.


