Двајца репрезентативци на Македонија денеска ќе прослават роденден.
Ракометарката која игра во Данска, а во моментов е на подготовки со репрезентацијата на Македонија за баражот со Словенија, Наташа Нолевска денеска ќе наполни 23 години.
Роденден слави и Кристијан Симоноски. Кадетскиот репрезентативец денеска полни 19 години, а тој е член на КЛ7. Летово ќе биде дел од составот кој ќе игра на Светското првенство во Скопје.
Меѓу славениците е и Данецот од тимот на Скјерн, Бјарте Мирхол. Ветеранот го прославува својот 37. роденден.
На списокот е и Хрватката од редовите на Подравка, Елена Поповиќ. Таа денеска ќе наполни 19 години.
Среќен роденден Наташа, Кристијан, Бјарте и Елена!


