Лејно: Не го спомнувајте Вардар, се уште имам силни емоции

Европскиот првак Ѓер имаше лесен пат до ново финале на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Една од вардарките што лани играше против Ѓер во борба за трофејот, сега игра токму за унгарскиот првак – а тоа е Амандин Лејно.

Таа вели не било баш така лесно на натпреварот против Кристијансанд колку што покажува резултатот.

„Кога го гледате од страна натпреварот изгледа дека имавме лесна задача. Но ние се подготвуваме многу за овој натпревар и во одбрана многу се боревме. Постигнавме неколку лесни голови и потоа самодовербата ни порасна и потоа се беше полесно да се направи за да заврши натпреварот во наша полза“, вели Лејно за 24Ракомет.

Противник на Ѓер во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Мец и Ростов.

„Би сакала да играм против Мец бидејќи таму имам доста пријатели, но исто така и Ростов е доста квалитетен противник. Ние се фокусираме на нашата игра и без разлика со кој и да играме во финалето одиме на освојување на титулата“, продолжи Лејно.

Француската голманка, која беше дел од Вардар пет години, вели дека се уште има силни емоции кога се сеќава на времето поминато во Скопје.

„Дали ми недостасуваВардар? Сакате да „умрам“ тука? Поминав цели 5 години во Вардар и после толкав период емоциите кои ги имам не можат да се објаснат со зборови…Ѓер е поинаков тим, градот е помирен и нема многу активности кои можат да се прават тука, па лесно се прилагодив во новата средина. Тренираме напорно и после три последователни Ф4 турнири само сакам да ја освојам титулата во Лигата на Шампионите“, заврши Лејно.

Финалето се игра утре од 18:00 часот.