Се одигра 22. коло во рамките на најсилната лига на Франција. Седумте средби донесоа очекувани резултати, а за обележување е победата на ПСЖ против Екс ен Прованс со што и математички ја обезбеди титулата.
По шокантната елиминација од Келце, Раул Гонзалез и неговите избраници „се извадија“ и лесно стигнаа до победа која значеше титула. Екс ен Прованс на свој терен немаше никакви шанси против мотивираниот противник и загуби со 29:20. Микел Хансен со шест гола беше најдобар на теренот.
Монпелје се задржа во трка за Лигата на шампиони победувајќи го Трембле со 30:24. Немаше тешка задача против тимот кој знаеше да изненади сезонава. Од стартот ја наметна иницијативата и на полувреме стигна до водство од 17:11. До крајот беше јасно кој ќе однесе победа, а истата носи и голема битка за влез во Лигата на шампионите.
РЕЗУЛТАТИ:
Истр – Сен Рафаел 22:28
Рен – Шамбери 18:28
Иври – Данкерк 28:30
Монпелје – Трембле 30:24
Понто Комбо – Тулуз 27:30
Нант – Ним 33:36
Екс ан Прованс – ПСЖ 20:29


