Подготовки за Металург: Вардарци на ручек во Солун покрај плажа (ФОТО)

На плажа, со морска храна и пиво, дел од ракометарите на Вардар, се подготвуваат за дербито против Металург.

Кристијан Дисингер, Калифа Гедбан, Рожерио Мораес и Мартин Поповски денешниот ден го минаа во Солун и уживаа во убавото време.

Вардарци утре на пладне ќе играат против Металург, а на 5 мај ги чека реванш средбата против ПИК Сегед во четвртфиналето од Лигата на шампионите.