Тимот на Бенфика, каде што брани македонскиот репрезентативец Борко Ристовски, славеше минимална победа над Акуа Сантас со 28-29, во натпреварот од 4. коло во плеј-офот на португалскиот шампионат.
Сега Бенфика има 46 бодови, исто колку Спортинг и Порто, кои се наоѓаат на првото и второто место и ќе ја продолжи со нив битката за титулата. Пред натпревар нашиот голман и соиграчите се „загреаја“ со легендарната Земјо македонска, а видеото го сподели Ристовски на социјалните мрежи.


