Овој натпревар е од особена важност за нашата екипа, бидејќи сакаме да ја продолжиме победничката серија. Како и секогаш, и овојпат очекувам “македонското дерби” да биде исполнето со врвен ракомет. Металург е секогаш голем предизвик за Вардар, па така очекувам да биде и сега
И Немања Прибак е оптимист пред ова дерби:
Мечот доаѓа по одличните дуели во Лигата на шампионите, но тоа не значи дека оваа пресметка нема да биде интересна. Ова е македонско дерби, на кое очекувам победа која ќе ја прославиме заеднички со нашите навивачи. И покрај проблемите со кои се соочи и заминувањето на еден дел од ракометарите, мислам дека Металург има квалитетен тим и не очекува уште еден неизвесен натпревар
Во првиот натпревар помеѓу овие две екипи, Вардар во СРЦ Кале го совлада Металург со 27:21.Натпреварот се игра во СЦ ” Борис Трајковски” со почеток во 20:15.


