ВРЕДИ ДА СЕ СЛУШНЕ: Кога коментаторот ќе го загуби гласот поради Вардар…(ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар ќе патуваат со голема предност од осум голови на реванш средбата против ПИК Сегед во Унгарија, откако прославија триумф со 31-23.

Гледачите цела сезона се ускратени да ги следат средбите од Лигата на шампионите на некој од македонските ТВ канали, но оние што имаат кабелска телевизија, може да го следат елитното натпреварување на Арена Спорт.

Колегата Стеван Стевановиќ беспрекорно го одработи ТВ преносот и веднаш стана миленик на поддрржувачите на македонскиот првак.

Тој на крајот од преголема возбуда дури и го загуби гласот, но вреди да го преслушате коментарот на последните пет минути од легендарната средба што ќе се памети засекогаш.