Хајнефетер му симна капа на Хефнер (ВИДЕО)

Во бундеслигашката пресметка во ЕХФ купот по првиот натрепвар Фуксе Берлин речиси обезбеди пласман на Ф4 со победата што ја оствари на гостински терен кај Хановер. Добро познатите противници, освен во Бундес лигата сезонава имаат борба уште на еден фронт во ЕХФ купот.

Во двете екипи има играчи кои се репрезентативци на Германија кои се големи ривали, но и меѓусебното почитување е на високо ниво. Во една ситуација голманот на Фуксе Берлин му оддаде признание на својот колега од репрезентацијата Каи Хефнер за бомбата што ја испрати кон неговиот гол.

Хајнефетер беше совладан, а неговата реакција за голот на Хефнер погледнете ја во следново видео: