Ракометарите на Веспрем со победата против Татран Прешов ја задржаа лидерската позиција во СЕХА -лигата. Унгарскиот тим пред домашната публика убедливо го доби натпреварот со Прешов со резултат 37:25 (17:13). Домаќинот уште од самиот почеток ја демонстрираше својата сила и ја оправда фаворитската улога, а гостите од Прешов немаа идеја како да фатат резултатски приклучок.
Ракометарите на Татран Прешов имаа сила за едно полувреме, во кое одржуваа негатива од три – четири погодоци. Во составот на Веспрем во листата на стрелци се запишаа сите ракометари, а голманите имаа вкупно девет одбрани, Миклер натпреварот го заврши со четири, Алиловиќ со пет успешни интервенции. Најефикасен во составот на Веспрем беше Момир Илиќ со осум погодоци, кај поразениот состав најефикасни со по шест погодоци беа Оливер Рабек и Даинис Кристопанс. На голот Крупа имаше девет одбрани, а Колпак натпреварот го заврши со две интервенции.
Движење на резултатот на 5 минути
1:2, 4:4, 7:6, 10:8, 15:10, 17:13, 20:16, 24:16, 26:19, 30:21, 34:23, 37:25
Фото: Melczer Zsolt


