За познавачите на ракометот не е никакво изненадување победата на Холандија во дуелот со Германија, високите бекови шутери со германски пасош не успеаа да ја спречат разиграната Холандија успешно да стартува на Европското првенство 2014. По завршување на суспензијата на холандската репрезентација поради која го пропушти минатото Европско Првенство, Холандија е доволно мотивирана и концентрирана да ја покаже својата сила. Токму на натпреварот со Германија, холандските ракометарки имаа можносрт и за атрактивни погодоци, а покрај лоб ударот на Полман меѓу најатрактивните потези на натпреварот секако беше голот кој можете да го погледнете подолу.


