Полуфиналните средби во Купот на Франција ги одлучија патниците во финалето од ова натпреварување. Во него силите ќе ги одмерат Шамбери и Данкерк откако овие два тима остварија победи во своите дуели.
Шамбери имаше тешка задача против големиот Монпелје. И покрај тоа што беа во подредена улога поради реномето на противникот, тимот предводен од Еирк Мате успеа да го совлада актуелниот европски првак со 33:29. Монпеље беше столчен уште по првиот дел кој Шамбери го доби со високи 18:11.
Данкерк се соочи со далеку полесна задача бидејќи за противник го имаше второлигашот Нанси. Тимот кој се наоѓа на десеттата позиција во најсилната лига на Франција немаше поголеми потешкотии и славеше со 27:17. Пред еден месец, ПСЖ го освои Лига Купот н Франција совладувајќи го Монпелје во финалето.


